Вардар денес и официјално го претстави новиот тренер, Горазд Михајлов.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поранешниот тренер на Силекс во пролетниот дел од шампионатот ќе има мисија да обезбеди опстанок со „црвено-црните“.
ФК Вардар конечно ги доби парите од Град Скопје и ќе има помирна пролет, а Михајлов најави дека ќе се бори да го задржи клубот во елитата.
„Вардар е клуб на народот, најголемиот бренд во Македонија и така треба да се однесуваме кон него. Ветувам дека ќе го дадеме најдоброто со моите соработници, истото важи и за фудбалерите. Се нафативме да работиме и да ја оствариме целта. Секој од наредните 15 натпревари ќе биде како финале за нас, секој бод ќе ни биде важен и драгоцен. Целта е да обезбедиме опстанок, се нафатив на оваа работа бидејќи го познавам овој тим на Вардар. Двапати игравме со Силекс против нив изминатава есен и знам дека тимот поседува потенцијал“, изјави Михајлов.