Вардар утрово го потврди трансферот на шпанскиот ракометар Едуардо Гурбиндо кој доаѓа од редовите на Нант.
Гурбиндо се очекува да биде големо засилување за црвено-црните. Така смета и првиот човек на клубот Михајло Михајловски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Со ангажирањето на Гурбиндо продолжуваме со засилувања со кои Вардар1961 ќе биде уште поконкурентен во следните сезони. Среќни и задоволни сме што Гурбиндо го препознава квалитетот на Вардар1961 и што сака нов предизвик во кој заедно ќе се обидеме да постигнеме уште подобри резултати. Губрино ќе донесе освежување во нападот и цврстина во одбраната. Ги цениме неговите квалитети и сигурни сме дека веднаш ќе се вклопи во нашиот систем. Засилувањата што досега ги договори Вардар1961 ќе им донесат многу радост на навивачите и верувам дека многу брзо сите заедно ќе можеме да ги поздравиме новите играчи. Очекувам со завршување на пандемијата на Ковид-19 повторно да имаме полна сала, и многу нови компании кои ќе го поддржат Вардар1961 во чекорење кон европскиот врв. Верувам дека како што ние ги одржаваме ветувањата за создавање на нов силен Вардар така и нашите компании ќе го одржат ветувањето да бидат наши партнери кон новите успеси, изјави претседателот на Вардар.