Вардар денес направи чудо и ја победи Барселона во полуфиналето на фајнлфор турнирот во Келн и тоа откако на полувремето губеше со седум разлика.
Црвено-црните се вратија како никој до сега на еден фајнлфор турнир и ќе играат за европска титула.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
После натпреварот за медиумите зборуваше голманот Дејан Милосаваљев.
„Мило ми е што можев да помогнам. Во соблекувалната знаевме што треба да направиме за да бидеме подобри. Во второто полувреме одбраната беше перфектна. На сите им покажавме дека Вардар не смее да се потцени. Сега следи Веспрем и ќе видиме на терен што ќе биде. Чекаме и информации за повредата на Карачиќ се надевам се ќе биде во ред со него“, изјави Милосављев