Дома Фудбал Германија „Милионерите“ се лути – го повикаа на рапорт Обамејанг!

„Милионерите“ се лути – го повикаа на рапорт Обамејанг!

Челниците на Борусија Дортмунд се лути на првата ѕвезда на тимот Пјер Емерик Обамејанг поради неговите изјави за можно заминување од клубот.

Африканскиот голгетер вчера без влакна на јазикот изјави дека на лето најверојатно ќе ја напушти Борусија Дортмунд и ќе бара нов предизвик во кариерата, што им засмета на челниците на германскиот клуб.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Имавме кратко состанок со Обамејанг и му советувавме да дава помалку изјави за плановите за следното лето и повеќе да се сконцетрира на теренот и пласманот во Лига на шампиони. Имаме одличен однос со него, но моравме да направиме нешто и да покажеме дека нашиот фокус е исклучиво на резлутатите“, изјави директорот Михаел Цорк.

Обамејанг и оваа сезона игра одлично за „милионерите“ и постигна 16 гола на 16 настапи во Бундеслигата, но „милионерите“ заостануваат 14 бода зад лидерот Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Фудбалерите не сакаат повеќе да молчат – и се заканија на ФИФА со тужба!

Светската фудбалска федерација ФИФА е повикана да ги разгледа плановите за домаќин на Свет…