Репрезентацијата на Македонија до 21 година денес играше натпревар против Шпанија во рамките од квалификациите за европското првенство (0:1).
Избраниците на Милевски пропуштија голема шанса за позитивен резултат, но Митровски промаши пенал во последната минута.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Кога ќе ги собереме сите впечатоци, горд сум на овие момци кои покажаа како треба да се игра против една Шпанија. Сите треба да бидеме горди, затоа што овој тим покажа дека има потенцијал и квалитет да напредува и да биде конкурентен во европски рамки. Кажав и претходно, тоа е мојата филозофија, нашата примарна работа е да селектираме и да создаваме репрезентативци кои ќе имаат потенцијал да напредуваат во иднина и да бидат дел од А селекцијата. Поголем дел од играчите покажаа дека на нив може да се смета во иднина“, изјави Милевски.