Во дербито на 13. коло во италијанската Серија А, Милан го пречека Наполи, а натпреварот заврши со резултат 1:1.
Ова беше дуел на тимовите кои во последно време се наоѓаат во криза. Поради тоа беше јасно дека и за едните и за другите ќе беше добро да ги освојат сите три бода, но на крајот мораше да се задоволат со реми.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Милан нешто подобро го отвори натпреварот, но Наполи дојде до водство, кога Лозано во 24. минута го совлада Донарума за 0:1.
Сепак, само пет минути подоцна Милан стигна до израмнување, кога Бонавентура постигна еврогол, а со тоа ја прекина и долгата голгетерска криза.
Иако овие 1:1 после пола саат игра ветуваа, во продолжение од натпреварот немаше поголеми изненадувања и резултатот остана непроменет до крајот на натпреварот.
Нашиот репрезентативец Елиф Елмас го одигра целиот натпревар за гостинскиот тим, во кој заработи жолт картон поради глума.
Наполи е седми на табелата со 20 бода, додека Милан со 14 освоени бода е на 13. место.