Денес главна вест на Апенините е евентуалниот трансфер на Леонардо Бонучи во јануарскиот преоден рок.
Имено, „Газета дело Спорт“ најави дека Бонучи наводно бил разочаран од резултатите и од проектот на Милан и дека е спремен да го напушти „Сан Сиро“ во јануарскиот преоден рок.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Оваа вест силно одекна на Апенините бидејќи дефанзивецот беше најголемото засилување на Милан ова лето и веднаш ја доби капитенската лента.
Поради тоа денес реагираше миланскиот гиганти, кој преку официјално соопштение категорично ги демантираше ваквите гласини.
„Гласините кои се појавија во медиумите поврзани за Бонучи се чиста невистина. Лео силно го посакуваше Милан во текот на летото, верува во нашиот проект и нема ни минимална интенција да замине. Напротив, тој како вистински лидер и капитен напорно работи за што побрзо тимот да ја преброди тешката ситуација“, стои во соопштението на Милан.