Вистински проблем во Серија А можат да бидат 14-те заразени кои Џенова ги потврди.
Вчера се најавуваше дека властите може да побараат прекин на Серија А во период од 14 дена, а денес се огласија од Министерството за здравство на Апенините.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Заменичката министерка побара првенството веднаш да се прекине.
„Протоколите и мерките за заштита кои ги пропишавме зборуваат самите за себе, Серија А после ова (ситуацијата во Џенова) мора да биде прекината“, изјави Сандра Зампа.
Денес се чека да пристигнат резултатите од тестирањата во Наполи бидејќи оваа екипа играше со Џенова за викендот. Исходот на резултатите посебно не интересира и нас поради Елиф Елмас кој играше во овој натпревар.