Дома Фудбал Останато Меси уште еднаш ќе му фрли ракавица во лице на Роналдо

Меси уште еднаш ќе му фрли ракавица во лице на Роналдо

messi

ФИФА го шокираше фудбалскиот свет со одлуката дека Лионел Меси не е помеѓу тројцата фудбалери кои ќе се борат за титулата најдобар во светот за 2018. година.

Пред неколку недели, ФИФА објави дека Меси е дури петиот најдобар играч во оваа година, а за титулата најдобар ќе се борат Модриќ, Роналдо и Салах. Сепак, многумина мислат дека Меси треба да биде во местото ТОП 3 со оглед на тоа што ја одведе Барса до двојна круна и дека е најдобар стрелец во Европа поради што и ја освои Златната копачка.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Меѓутоа, комисијата за оваа награда размислува поинаку, а конечниот победник ќе го дознаеме до крајот на годината. Но, она што позитивно ја изненади фудбалската јавност е фактот дека Лионел Меси и покрај се одлучи да дојде на церемонијата за прогласување на победникот, иако не е во конкуренција.

Многумина веруваат дека Меси на тој начин сака да покаже дека не е премногу тажен што по повеќе од десет години нема да биде во борбата за најдобар играч во светот. Но, исто така тоа е и ракавица во лицето на Роналдо кој обично не доаѓа на церемониите на кои знае дека нема да победи, што беше случај и неодамна во изборот за најдобар играч на Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Казнет навивачот кој го бакна Роналдо

Репрезентацијата на Португалија го загуби пријателскиот натпревар против Словенија, а на о…