Лионел Меси од својата 13-та година живее во Барселона каде што како дете се пресели од Росарио и потпиша за Барселона. Тој во 2009 година од местот каде што живеат поголем дел од останатите се пресели во вистински дворец.
Во местото познато како „Педралбес“ во близина на „Ноу Камп“ во главно живеат фудбалерите на Барселона, но не и Меси. Тој пред десет години се пресели во дворец одалечен дваесетина километри во местото Белмар во покраината на Кастелфефелс.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Поради неговиот имот се променија и плановите за проширување на аеродромот во ова место.
Благодарение на доаѓањето на најдобриот фудбалер на Барселона цените на недвижностите во местотo значително се зголемија. Оние кои некогаш вредеа по 4.5 милиони фунти, сега имаат многу поголеми цени.
Аргентинецот во 2009 година купи стара куќа за 1.8 милиони евра. На реновирањето на својот дом потроши околу шест милиони евра. Со многу тераси и големи панорамски прозори пружа поглед на прекрасните каталонски планини од едната страна и медитеранскиот брег од другата.
Во внатрешниот дел куќата е уредена со светли ѕидови и дрвен под. Основен, едноставен декор кој ја прави модерна.
Дворецот на Меси е опркужен со зелена површина каде што го поминува времето со своето семејство.
Аеродромот „Ел Прат“ е седми најкористен во Европа. Како таков беше планирано негово проширување и изградба на нови писти за да се овозможат повеќе летови. Меѓутоа, претседателот на нискобиџетната компанија „Вуелинг“ открил дека аеродромот не може да се прошири затоа што не е дозволено авионите да летаат на само 10 километри од куќата на Меси.
Како и да е, што и да е причина аеордормот нема да биде проширен. Меси одбива да даде изјава за аердоромот или неговите операции.
Интересно е што ако на Гугл ја побарате куќата на Меси ќе ви се појави куќа во облик на фудбалска топка, но тоа е лажна и не е познато зошто ова место стана популарно како дом на Меси кога нема врска со вистинскиот дом на ѕвездата на Каталонците.
Лажната куќа на Меси на Гугл
Вистинскиот дом на Меси