Марсеј и Атлетико Мадрид се основни кандидати за потпист на белгискиот репрезентативец, Аксел Витсел.
33-годишниот играч за врска се раздели со Борусија Дортмунд откако му истече договорот и во моментов е слободен агент.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Марсеј му понуди на Витсел двегодишен договор со опција за уште една година и плата од 4 милиони евра по сезона.
Меѓутоа сега во трката за потписот на Белгиецот се вклучи и Атлетико Мадрид, и „јорганџиите“ се прва опција за играчот.
Витсел во следните денови треба да донесе конечна одлука и да избере помеѓу овие два клуба.
🗞 Axel #Witsel est en discussion avec l'Atlético Madrid et l’Olympique de Marseille.
— Dortmund France 🇫🇷 (@Dortmund_French) June 17, 2022
L’Atletico possède une « légère » avance sur le dossier.
(Le10Sport) #BVB pic.twitter.com/9F04vbOdp1