Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед може да се засили од Спортинг

Манчестер Јунајтед може да се засили од Спортинг

Maнчестер Јунајтед е во потрага по засилување од средниот ред. Бразилецот Фред и Немања Матиќ не изгледаат импресивно веќе неколку сезони, а единствено шкотскиот фудбалер Мектоминеј е до некаде подобра опција за Рагник.

Според пишувањето на англиските медиуми Јунајтед е заинтересиран во своите редови да го доведе фудбалерот на Спортинг и репрезентативец на Португалија, Жоаo Паулињо.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Португалецот со своите настапи во Спортинг го привлекол внимание на Јунајтед кој во него гледаат квалитет каков што му недостасува на тимот.

Шампионот на Португалија за Пулињо поставил откупна клазула од 50 милиони евра, меѓутоа во Јунајтед се надеваат дека ќе го добијат за пониска цена. Важна улога во овој трансфер можат да одиграат неговите сонародници во Јунајтед, Роналдо и Бруно Фернандеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…