Дома Македонски спорт Македонскиот спорт завиен во црно: Почина Лазар Лечиќ!

Македонскиот спорт завиен во црно: Почина Лазар Лечиќ!

Голема трагедија ја погоди македонската кошарка и воопшто македонскиот спорт. Почина големиот Лазар Лечиќ кој беше еден од најистакнатите македонски кошаркарски работници.

Лечиќ почина на 85-годишна возраст, а ќе остане запаметен како симбол на кошарката вбо Македонија. Токму тој е еден од најзаслужните за поставувањето на темелите на македонската кошарка.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Кариерата ја започна во редовите на Работнички, подоцна стана и тренер на оваа екипа. Работнички го водеше на двапати, прво од 1962 до 1972 година, а потоа и од 1975 до 1968 година. Исто така беше дел од и од МЗТ Скопје.

Во кариерата надвор од границите на Македонија ги предводеше: Борац Чачак, Олимпија Љубљана, Војводина и Арис. Лечиќ беше дел и од стручниот штаб на репрезентацијата на Југославија која освои светска титула во 1970 година.

Погребот ќе се одржи утре на гробиштата во Бутел. Телото на Лечиќ ќе биде изложено во капелата еден час од 10:30 до 11:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Кикбоксот има 6 номинации од вкупно 6 категории за индивидуалниот македонски спорт

Оваа година Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија може да се пофали со извонреден успе…