Дома Македонски спорт Македонскиот селектор потпиша нов договор: Останува тренер на ПАОК!

Македонскиот селектор потпиша нов договор: Останува тренер на ПАОК!

Јошко Миленкоски и следната сезона ќе биде тренер на Паок. Македонскиот одбојкарски стратег реши да остане во грчкиот клуб и да продолжи со работа во екипата со којашто го освои купот и играше финале во првенството.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Имав неколку понуди, размислив и одлучив да продолжам со Паок. Навивачите одлично ме прифатија, имам одлична соработка со сите во клубот, блиску сум до дома, а тоа се фактори коишто беа доволни за да го продолжам ангажманот во Грција”, вели предводникот на македонската репрезентација којшто денеска ќе стави потпис на новиот едногодишен договор со Паок.

Претходно, Миленкоски предводеше седум клубови, а со четири од нив оствари пласман на завршниот турнир во Купот на ЦЕВ.

Најтрофејниот македонски тренер беше селектор на Турција и ја предводеше до 11-то место на Европското првенство во 2017, што значи дека претстојниот континетален собир на којшто коорганизатор е и Македонија, ќе биде негов втор настан од тоа рамниште. А дотогаш, македонската репрезентација под негово водство ќе одигра уште три натпревари во Европската златна лига. Досега имаме победи над Белгија и над Хрватска и пораз од Украина. В сабота ќе гостуваме во Шарлоа, потоа во Задар, а на 18-ти, во последниот натпревар од групата, ќе ја пречекаме Украина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…