Дома Македонски спорт Мак ракомет Македонија рамо до рамо со ракометните суперсили Франција, Шпанија, Данска и Хрватска!

Македонија рамо до рамо со ракометните суперсили Франција, Шпанија, Данска и Хрватска!

Македонија со победата над Чешка од 27:25 (14:12) вчера обезбеди пласман на Светското првенство во Полска и Шведска. Иако овие квалификации ги игравме од претколото успеавме да го продолжиме континуитетот со настапи на големите турнири.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Со месеци наназад претходно се зборуваше за повеќекратното значење на овој бараж. Дојде време од репрезентативниот дрес да се простат Миркуловски и Стоилов, веројатно и Лазаров. Нивната последна задача како играчи беше една од најтешките, меѓутоа ја остварија.

Олимпискиот сон остана недофатлив меѓутоа…Од ЕП 2012 година кое се играше во Србија Македонија не пропуштила ниту едно Европско или Светско првенство! Со ваков континуитет може да се пофалат само уште четири репрезентации од Европа и тоа суперсили како Франција, Данска, Шпанија и Хрватска.

Ова значи дека ние имаме поголем континуитет на настапи на големите турнири од селекции како Шведска, Германија, Исланд, Унгарија, Полска…Репрезентации со богато ракометно реноме.

Фото: РФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров избра: Ова е тимот со кој одиме против Словачка! (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (19 часот) во Прешов го почнува баражот п…