Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонија по бодови во Тбилиси, но мора да се поправи играта

Македонија по бодови во Тбилиси, но мора да се поправи играта

По победата над Ерменија на домашен терен во едно бледо издание, Македонија патува во Грузија каде игра со најголемиот конкурент во групата за првото место. И Грузија славеше победа во првото коло и тоа на гости кај Естонија, па овој меч може да значи многу за една од двете репрезентации доколку успеат да стигнат до трите бода.

Да се поправи катастрофалната игра против Ерменија

Грузија е поквалитетна селекција од Ерменија и во тоа нема никаква дилема. Сега прашањето гласи: Ако Македонија дома беше надиграна од Еменија, може ли да се носи на гости со Грузија? Тешко прашање, со оглед на тоа што тој меч со Ерменија не мора да значи ништо. Тој меч беше еден од најслабите на репрезентацијата во последно време, па може да се каже дека фудбалерите имале слаб ден, дека го потцениле противникот и слично. Реално, Македонија според имињата на фудбалерите и според тоа каде тие играат, е поквалитетна селекција од Грузија иако тоа не мора да значи ништо.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Потенцијален проблем е левата бековска позиција каде стартуваше Кире Ристевски но тој отпадна за овој меч против Грузија. Можеби ќе одиграме со тројца во одбраната и со Николов и Алиовски по бочните позиции, со оглед на тоа дека Ангеловски играше на тој начин во неколку наврати во квалификациите. Ако одиграме со таа формација, во средината ќе бидат Адеми, Барди и Елмас, а во нападот Пандев и Несторовски. Се на се, селекција на фудбалери која покажа дека може да игра на високо ниво и против посилни селекции од Грузија.

Вајс прави големи работи со Грузија

Владислав Вајс прави одлична работа со селекцијата на Грузија. Словакот кој ја водеше и својата земја немаше среќа во квалификациите за пласман на Европското Првенство, па и покрај добрите игри мораше да се задоволи со 4-то место во групата. Имаа две победи над Гибралтар и две ремија дома со Република Ирска и Данска, но против сите селекции одиграа на високо ниво. Предходно пак во Лигата на Нации беа први и ќе играат полуфинале против Белорусија надерниот месец, кога Македонија во второто полуфинале ќе игра против Косово. Ова е последна можност за проверка на своите квалитети и елиминирање на проблемите пред полуфиналните дуели кои се од огромна важност за двете селекции.

Селекција составена од интернационалци

Се работи за една цврста селекција која е составена претежно од интернационалци. Во одбраната главен играч е Какабадзе од Лузерн, а останатите бекови играат во Русија и Украина. Во средината ќе игра добро познатиот во Македонија ЏИгаури кои две сезони играше во Вардар кога нашата екипа имаше најголем успех. Многу работи во нивната игра зависат од Канкава кој во моментов игра во Тобол, но во минатото кариерата ја градеше во Украина и Франција. Имаат и фудбалери кои играат во Холандија, Грција, Кипар, Турција, Белгија …

Протов Естонија на гости во првиот меч пред неколку дена беа надмоќни, го диктираа темпото и без проблем дохјдоа до победа од 0:1. Победата можеше да биде уште поубедлива но реализацијата беше слаба. Стрелец на голот беше Катчарава од Анортозис и на него нашите бекови ќе треба да обрнат големо внимание.

Наш предлог:

Прво полувреме да заврши нерешено @ 1.95 во 10Bet

Да паднат Под 2.5 гола @ 1.53 во 10Bet

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…