Репрезентацијата на Македонија доживеа пораз на стартот од мундијалските квалификации од селекцијата на Романија (2:3).
Нашата селекција прво пропушти голем број прилики и Романија не казни. Водеа домаќините во Букурешт 0:2 се до последните 10 минути кога изедначивме на 2:2, за жал Хаџи стрелаше за победа на Романија и конечни 3:2.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Техничкиот директор на Фудбалската федерација на Романија, Михаи Стоичита по натпреварот испрати пофалби за нашата репрезентација.
„Мора да бидеме искрени и да кажеме дека натпреварот можеше да заврши и поинаку. Сите ние во Романија очекувавме лесна задача. Го познававме Пандев и уште два-три играчи, но не очекувавме да видиме вака гладен тим со волку големо фудбалско знаење. Среќни сме, најважни се трите бода, Македонија имаше извонредни шанси, но успеавме да се извлечеме“, изјави Стоичита.
Веќе во недела нашата репрезентација ја очекува нов натпревар против селекцијата на Лихтенштајн.