Македонија е домаќин на Ерменија и е фаворит за победа на отварањето на Лигата на Нации. Ерменците во Скопје се без Махтиријан што е голем проблем за нив, а тоа треба да го искористат македонските репрезентативци.
Да се продолжи со добрите резултати
По одличните квалификации во кои го направивме најголемиот успех завршувајќи на 3-то место единствено зад Полска и Австрија, сега на ред се дуелите во Лигата на Нации. Составот на Ангеловски е ист како во квалификациите, добро е воигран и сите очекуваат победа на овој прв меч за нас во групата од Лигата на Нации. Овој меч, па и оној против Грузија по неколку дена ќе бидат и главна подготовка за бараот против Косово кој ќе го одиграме наредниот месец.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Единствена дилема за селекторот е кој ќе стартува на голот, откако Димитриевски поради позитивен тест на Ковид-19 отпадна. Тричковски ќе го пропушти овој меч поради повреда. Другото е јасно. Пандев ќе предводи во нападот, организацијата ќе биде на Елмас, Барди и Адеми, а во дефанзивата ќе бидат Муслиу, Велковски, Ристевски …
Се на се, еден добро воигран состав кој треба да дојде до победа. Се друго ќе биде разочарување за цела Македонија.
Шанса за одмазда
Пред две години како големи фаворити отпатувавме во Ереван на дуелот во рамки на Лигата на Нации, но загубивме со 4:0. Тоа е еден од најболните и најголеми порази на оваа генерација на македонски фудбалери. Најголем кривец беше Столе Димитриевски кој нема да настапи на овој меч, но останатите во нашиот тим, речиси сите беа во Ереван со мали исклучоци. Ова е добра можност за реванш за тој болен пораз, а тоа го потенцираат и македонските репрезентативци. Од таму можеби доаѓа и најголемиот мотив за нашата репрезентација.
Шпанецот на клупата на Ерменија со неколку новитети
Добра вест за нашиот национален тим е тоа што првата ѕвезда на Ерменија, Хенрик Миктаријан нема да настапи на овој натпревар. Тој побара од селекторот Капарос да биде ослободен од репрезентативните обврски за да го реши својот тимски статус, што секако ни оди во прилог откако селекторот без проблем го прифати неговото барање.
Во списокот на ерменскиот селектор од друга страна повикани се двајцата поранешни членови на Вардар, десниот бек Хофханес Хамбарџумјан и офанзивецот Тигран Барсегјан. Голема е можноста дека и двајцата ќе бидат стартери во Скопје.
Интересно е тоа што за прв пат во селекцијата се повикани и двајца натурализирани фудбалери. Станува збор за нигериецот кој неколку години настапува во ерменски Ширак, Соломон Удо како и колумбиецот Ангуло Вбеимар. Двајцата играат во средниот ред и барем еден од нив ќе биде стартер.
Наш предлог:
Победа на Македонија @ 1.73 во 10Bet