Дома Фудбал Репрезентации Маестрален Пандев за перфектна Македонија во Лигата на Нации! (ВИДЕО)

Маестрален Пандев за перфектна Македонија во Лигата на Нации! (ВИДЕО)

macedonia

Македонија во вториот натпревар од натпреварувањето во кое го гледаме како шанса за пласман на Европското првенство стигна до нова победа.

Избраниците на Игор Ангеловски денес со идентичен резултат како и против Гибралтар забележаа победа на Ерменија од 2:0.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Натпреварот го започнавме со добра и сигурна игра, а до водство стигнавме во 13-та минута од натпреварот.

Македонската фудбалска икона, Горан Пандев уште еднаш го покажа своето значење за овој тим и на искусен начин се избори за најстрога казна која во гол ја претвори фудбалерот на Лидс, Алиоски.

Во продолжението од првиот дел Македонија продолжи со сигурната игра, но не успевавме да стигнеме до 100% прилика за погодок се заканувавме во главно од прекини преку Барди.

Вторите 45 минути Ерменија ги започна да игра нешто подобро и создаде неколку солидни шанси пред голот на Столе Димитриевски.

Токму во моментите кога изгледаше како Ерменија да е подобра селекција на теренот повторно на сцена стапи Пандев. Нововлезениот Трајковски успеа од десната страна да испрати топка во петерецот која Пандев знаеше како да ja искористи и да погоди за 2:0, резултат кој се покажа и како конечен.

После оваа победа Македонија е првопласирана селекцијата во групата 4 од Лигата Д со шест освоени бодови и четири постигнати голови, без ниту еден примен.

Следниот натпревар го играме повторно во Скопје против селекцијата на Лихтенштајн на 13-ти октомври.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…