Дома Фудбал Италија Лукаку се огласи после скандалозната насловна страна: Најглупавиот наслов кој сум го видел!

Лукаку се огласи после скандалозната насловна страна: Најглупавиот наслов кој сум го видел!

Еминентниот италијански весник „Кориере дело Спорт“ го навлече гневот на целата спортска јавност со насловната која ја објави во текот на денешниотден.

Весникот објави фотографија од Ромелу Лукаку и Крис Смолинг и под неа напиша „Црн Петок“, за да го најави утрешното дерби помеѓу Интер и Рома, нешто што веднаш беше посочено како расистички напад.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сега се огласи и самиот Лукаку, кој преку социјалните мрежи го искоментира скандалот.

„Наместо да се фокусираме на дуелот меѓу двата клуба, „Кориере дело Спорт“ излезе со најглупавиот наслов што некогаш сум го видел во мојата кариера. Овие новинари ги охрабруваат сите што се расистички настроени. Наместо да зборуваат за убавиот меч кој не чека утре, сега зборуваме за ова. Образованието е клучно. Вие во „Кориере дело Спорт“ мора да си ја работите подобро работата. Благодарност до сите навивачи и останатите новинари кои не поддржаа. Со нетрпение го очекувам утрешниот натпревар. Форца Интер“, истакна Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Новинар на „Марка“ го откри планот на Модриќ – може да се случи пресврт!

Кога Лука Модриќ во јули оваа година го продолжи договорот со Реал Мадрид за уште една сез…