Ромелу Лукаку призна дека паднал во депресија по испаѓањето на Белгија од Светското првенство во 2022 година во Катар.
Лукаку имаше колосално промашување против Хрватска во клучниот натпревар, а тоа го прогонувало со денови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Имавме три дена да се подготвиме за натпреварот со Хрватска. Тоа беа моите први тренинзи по три месеци пауза. Знаев дека ќе бидам во првата екипа бидејќи му требав на тренерот. Игравме против Хрватска, беше 0-0, влегов во игра и сите знаете – промашив четири шанси. Така одлучил Бог. Бев фрустриран, ги искршив прозорците во соблекувалната. Никогаш не се чувствував така во кариерата. Бев на одмор седум дена и секој ден плачев. Бев скршен и физички и психички. Морам да му заблагодарам на Тиери Анри, кој ми се јавуваше трипати дневно да ме праша како сум“, откри Лукаку.
„Се надевам дека ќе ја пронајдам страста за репрезентацијата. Следен чекор е Светското првенство за две години, а тоа делува толку далечно. Сакам да се вратам во националниот тим и да бидам лидер. Оваа млада група треба да добие победнички менталитет, можам да им помогнам“, додаде Белгиецот.