Ромелу Лукаку вчера го постигна единствениот гол во победата на Интер над Болоња од 1:0, со овој триумф „нероаѕурите“ направија голем чекор кон освојувањето на шампинската титула.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
После натпреварот Белгиецот се пошегува на сметка на ѕвездата на Јувентус, Кристиано Роналдо.
Лукаку објави фотографија како од гол-линијата ја сместува топката во мрежата и напиша:
„Да бидам сигурен дека ја помина гол-линијата“.
Just making sure it goes over the line … pic.twitter.com/3YrCjTEaz6
— R.Lukaku Bolingoli9 (@RomeluLukaku9) April 3, 2021
Напаѓачот на Интер алудираше не ситуацијата од пред неколку дена во натпреварот помеѓу Србија и Португалија во Белград кога на Роналдо во судиското продолжение не му беше признат гол иако топката беше зад линијата.