Генералниот директор на Интер, Џузепе Марота направи уште еден маестрален потег минатото лето кога го доведе Един Џеко.
Интер го продаде Ромелу Лукаку во Челзи за 115 милиони евра, а како негова замена го доведе Един Џеко без обештетување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Лукаку беше продаден за 115 милиони евра, Џеко го купивме за џабе, а на теренот нема голема разлика“, изјави Марота.
Џеко летово потпиша двегодишен договор со Интер, а Рома го пушти без обештетување со бонуси од 1,8 милиони евра кои „нероаѕурите“ ќе ги платат ако се пласираат во ЛШ.