Дома Фудбал Италија Лудилото во Интер продолжува: Се огласи Спалети – „војна“ помеѓу Перишиќ и Икарди!

Лудилото во Интер продолжува: Се огласи Спалети – „војна“ помеѓу Перишиќ и Икарди!

Продолжува лудилото во Интер!

Работите со ситуацијата со Мауро Икарди се менуваат навистина брзо, но изгледа дека Аргентинецот е во штрајк.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Икарди вчера не се појавил во клубот, а тоа резултирало да не биде во конкуренција за тимот во настапот во Лигата на Европа против Рапид.

Ова го потврди Спалети кој изјави дека во прашање е одлука на самиот фудбалер и дека Аргентинецот ќе мора да седне со управата на Интер и да зборува за договорот, но и за други работи од внатрешноста клубот.

„Оваа одлука е донесена за доброто на клубот, во овој момент не чека важен натпревар, а потоа ќе ги разјасниме работите“, изјави Спалети.

Во меѓувреме пристигнува вест за „војна“ на релација Перишиќ – Икарди.

„Кажи и на својата жена да зборува помалку за мене“, наводно Хрватот му кажал на Икарди, после што избил конфликт.

Не е сигурно, но дека нешто навистина се случило помеѓу Икарди и Перишиќ можеби покажува и постапката на сонародникот на Перишиќ, Марсело Брозовиќ на социјалните мрежи.

Брозовиќ не една, „лајкна“ дури четири објави за одземањето на капитенската лента на Аргентинецот.

Иначе, според последните информации причина за одземањето на капитенската лента на Икарди се постапките на неговата сопруга и агент, Ванда Нара и нејзините коментари во јавноста за случувањата во клубот.

Јасно е дека во Интер нешто не е како што треба и после ова тешко е да се верува дека Икарди ќе стави потпис на нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Панчев: Лицемерството на Западот ѝ пресуди на Црвена звезда

Легендата на Црвена звезда, Дарко Панчев е огорчен по поразот на црвено-белите од Милан (1…