Дома Фудбал Икарди заминува, избира помеѓу Италија и Шпанија?!

Икарди заминува, избира помеѓу Италија и Шпанија?!

Фудбалерот на Галатасарај Мауро Икарди е на “излезната врата” на турскиот шампион и би можел кариерата да ја продолжи во Италија или Шпанија, пишуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Истите извори наведуваат дека неговиот менаџер бил во контакт со Милан, Комо, Рома, Елче и Овиедо.

Контроверзниот аргентински напаѓач веќе четири години игра за Галатасарај, за кој постигнал 69 гола и запишал 22 асистенции.

Со доаѓањето на Виктор Осимен, неговиот статус е променет, не е повеќе главна напаѓачка опција и сака да замине.

Иако оваа сезона на 21 натпревар постигнал осум голови, само шест пати бил во стартната постава. Бидејќи договорот со Галата му истекува на крајот од сезоната, можно е веќе во зимскиот преоден рок да премине во нов клуб.

Икарди во кариерата има настапувано и за Сампдорија, Интер и Пари Сен Жермен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалер на Конго со неговите зборови за Кристијано Роналдо ја стресе планетата (Видео)

На почетокот на Светското првенство се очекуваше рутинска победа на Португалија, а наместо…