На Баерн Минхен во последниот ден од преодниот рок му пропадна трансферот на Палиња од Фулам.
Португалецот игра фантастично во Премиер лигата, а во летниот преоден рок беше на чекор од трансфер во Баерн Минхен.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, Баерн не се откажува од намерата да го доведе играчот за врска во Минхен, бидејќи е голема желба на Тухел, а и самиот фудбалер сака да ја промени средината.
Фулам летово ја прифати понудата на Баерн од 50 милиони евра, па трансферот беше само одложен за јануари.
Баерн треба да побрза да го комплетира трансферот бидејќи сега во трката за потписот на Палиња се вклучи и Ливерпул.