Mилан вчера претрпе пораз од Фиорентина на „Сан Сиро“ од дури 1:3, а тој пораз дојде како еден од низата лоши резултати на отварањето на сезоната за „росонерите“.
Плугар, Кастровили и Рибери погодуваа за Милан да остане на катастрофалното 16-то место на табелата и ако му веруваме „Тутоспорт“ овој пораз му пресудил на Марко Џампаоло.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веќе некое време се шпекулира за смена на клупата на Милан, а ваквиот тежок пораз од Фиорентина би можел да биде натпреварот од кој ќе започнат промените.
Досега во медиумите како кандидати за клупата на Милан се споменува: Алегри, Раниери, Гатузо, Инзаги…Сега „Тутомеркато“ пренесува дека прв кандидат за клупата на Милан е славниот напаѓач на овој клуб Андреј Шевченко.
Легендарниот Украинец во Милан се прослави како напаѓач и сега би можел да се врати како тренер. Ќе потсетиме, Паоло Малдини и Звонимир Бобан кои исто така се легенди на клубот веќе добија позиции во раководството.