Дома Фудбал Англија Легендарниот Роби Фаулер станува тренер!

Легендарниот Роби Фаулер станува тренер!

Уште една легенда на Ливерпул изгледа започнува тренерска кариера и тоа во земјата на кенгурите.

Во тековната сезона Стивен Џерард успеа да го врати Ренџерс во врвот на шкотскиот фудбал, сезоната најверојатно ќе ја заврши на втората позиција зад големиот ривал, Сетлик.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Наредната сезона ќе имаме уште славно име од тимот на Ливерпул кое ќе заплови во тренерските води.

Како што објави „Сандер Морнинг“, поранешниот напаѓач и миленик на навивачите на Ливерпу, Роби Фаулер ќе го превземе клубот од австралиска А лига, Брисбејн Роар.

Англичанецот за нов тренер на овој тим ќе биде претставен на утрешната конференција за медиумите која следи пред финалниот натпревар во сезоната на домашен терен против Аделајд Јунајтед.

Фаулер веќе има малку тренерско искуство, но краткотрајно. Тој во сезоната 2011-2012 го водеше тајландскиот Муангтонг како играч/тренер.

Првата работа во Австралија Фаулер ја имаше како аналитичар, но беше дел и од академијата на Ливерпул каде што помогаше во развојот на младите фудбалери. Сега изгледа дојде време да седне самостојно на клупата на еден клуб и да води сениорски тим.

Во текот на играчката кариера Роби Фаулер го носеше дресот на Ливерпул, Лидс, Манчестер Сити, Кардиф, Блекбурн, Норт Куестланд Фјури, Перт Глори и Муангтонг Јунајтед.

Дефинитивно неговата кариера беше обележена со онаа легендарна прослава која никогаш фудбалот нема да ја заборави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

На познат словенечки фудбалер му се заканува затворска казна од пет години

На познатиот словенечки фудбалер Тим Матавж (35) му се заканува петгодишна затворска казна…