Дома Фудбал Англија Легендарна снимка од 1996 година: Тој беше еден од ретките кои тогаш веруваше во Лампард (ВИДЕО)

Легендарна снимка од 1996 година: Тој беше еден од ретките кои тогаш веруваше во Лампард (ВИДЕО)

Френк Лампард ја започна тренерската кариера, преку Дерби дојде до својот поранешен клуб Челзи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лампард кариерата во Челзи како тренер не ја започна баш најдобро (пораз од Јунајтед 4:0), но и како играч на почетокот беше лош. Тој ја започна во Вест Хем и после лошите игри на стартот само еден човек го заштити од критичарите – Хари Реднап.

Така во 1996 година Реднап зборуваше се она што другите не го мислеа и на крајот се покажа дека тој бил во право.

„Не би сакал тоа да го кажам пред него, но тој ќе оди до самиот врв. Мислам дека нема сомневање бидејќи има се што е потребно да стане голем играч. Неговиот став е првокласен, има сила, може да игра, дрибла и постигнува голови“, зборуваше тогаш Реднап.

Лампард три пати ја освои Премиер лигата, четири пати ФА Купот и еднаш Лигата на шампионите.

За Челзи постигна неверојатни 147 голови и е една од најголемите легенди на англискиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп го откри својот фаворит за освојување на СП

Поранешниот тренер на Борусија Дортмунд и Ливерпул, Јирген Клоп со огромен ентузијазам го …