Дома Македонски спорт Мак фудбал Кој ќе раководи со Вардар? Самоил Симев и Мирко Сапсевски си заминаа!

Кој ќе раководи со Вардар? Самоил Симев и Мирко Сапсевски си заминаа!

Најтрофејниот македонски клуб, ФК Вардар остана и без управа откако денес извршниот директор Самоил Симев и претседателот Мирко Спасевски си поднесоа оставки.

Овој двоец е во клуб од доаѓањето на Сергеј Самсоненко и сега го напуштаат клубот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Симев истакнува заминува поради неисполнетите ветувања и дека овој месец е клучен за иднината на Вардар и дека подготовките се закажани за 14. јануари.

Соопштенито на Симев до медиумите ви го пренесуваме во целост:

Ве информирам дека донесов одлука да поднесам оставка од позицијата – директор на ФК Вардар, но, ќе напоменам – останувам да помогнам како вработен до реализација на заостанатите плати и расчистување на долговите. Оставката ја поднесувам од морални и етички причини.

 Минаа 7 години како сум назначен на позицијата од која заминувам. Сакам да изразам благодарност до г-дин Самсоненко за укажаната чест да се биде дел од најголемиот спортски бренд ФК Вардар но и за се она што тој го направи на спортски план со сите колективи. Благодарност до медиумите, подржувачите, критичарите и најверните – Комити. Посебна благодарност до сите фудбалери и тренери низ годините од првиот тим и младинските категории, колеги вработени во клубот, кампот и Академијата сите заедно во 6 сезони освоивме 4 шампионати и остваривме историски пласман во ЛЕ. Имавме убави моменти, моменти на славје и тага, успеси и грешки кои нѐ градеа како колектив.

Се вложив максимално во работата изминативе години, целосно се посветив и таа ми беше на прво место, себично, но, и пред приватниот живот. Беше личен предизвик, гордост, задоволство, но на моменти и тешко искуство кое не може да се опише. Емотивно сум исцрпен и истрошен и немам веќе ниту сила, ниту моќ да се борам.

Последните две години секојдневно со г-дин Самсоненко се бориме со последни сили да функционира клубот за што и навремено алармиравме и реагиравме кај сопственикот – Градот Скопје уште во месец Август 2018 година.

Сепак, последните 6 месеци се клучни за мојата одлука и причините да поднесам оставка. 

Во месец Мај г-дин Самсоненко и официјално се повлече од клубот за што го информиравме со допис и  Градот Скопје. Во тој момент правилна одлука ќе беше и јас да се повлечам. Сепак во договор со претседателот Спасески и шефот на стручниот штаб Васоски, се нафативме на неверојатно тешка задача. На десет дена пред почеток на првенството решивме, со ветената помош од градот и со реализаија на ваучерот, дека ќе издржиме до крајот на полусезоната, бидејќи немаше друг излез за клубот.

За жал не се реализираше ништо од дадените ветувања кон нас, и затоа ја донесов оваа одлука, бидејќи се најдов во ситуација каде ветив и превземав голема одговорност кон сите  вработени, на кои им се извинувам уште еднаш. Исклучителна почит кон оние кои и во најтешките моменти беа со нас, а за жал ги има малку. Големите луѓе во тешко се познаваат, благодарност до г-дин Самсоненко кој иако не е веќе финансиер, сепак, се нафати да ги исплати и платите за овие 6 месеци.

Апелирам до сопствениците на клубот и надлежните институции, спортска јавност, бизнисмени и засегнати страни да вложиме максимален напор сите заедно и да се обединиме околу Вардар.  Да му се помогне сега кога е најтешко. Напоменувам дека месецов е клучен и мора да се најде решение, подготовките се закажани за 14 Јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар се засили со дефанзивецот Пинтер

Вардар започна со засилувања за пролетниот дел од сезоната. Нов играч на најтрофејниот мак…