Oткако претходно беше одличен во победата со која изборија „мајсторка“, македонскиот ракометар Никола Костески блескаше и во петтиот натпревар од серијата.
Тимот Талент Плзен каде што настапува Костески стана шампион на Чешка откако во петтиот натпревар од финалната серија славеа против Бањик Карвина со 30:25. Еден од најзаслужните беше токму Костески.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Македонскиот ракометар постигна шест гола и така го предводеше својот тим до победата против бранителот на титулата.
Победата на Плзен добива уште повеќе на значење ако се знае дека губеше со 2:0 во серијата, но успеа да дојде до победа од 3:2.
Неодамна Костески потпиша и нов договор, па ќе настапува за овој тим и во наредната сезона.