Дома Фудбал Англија Кејн ги пропушта подготовките – мора во карантин

Кејн ги пропушта подготовките – мора во карантин

Најдобриот стрелец на Тотенхем, Хари Кејн не ги започна предсезонските подготовки со останатите соиграчи. Причината за ова е што напаѓачот мора да се изолира 14 дена, бидејќи беше на одмор на Бахамите.

Кога Кејн и неговото семејство заминаа на Карибите, немаше никаков услов да бидат во карантин по нивното враќање, но додека биа таму, британската влада ги вклучи Бахамите во списокот на земји, чии повратници мора да поминат задолжителна изолација.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Поради оваа причина, Кејн ќе ја пропушти утрешната прва контролна на Тотенхем против Ипсвич.

Напаѓачот ќе се приклучи на тимот следната недела, иако медиумите на Островот не прецизираат кога точно тоа ќе се случи.

Кејн се очекува да биде подготвен за натпреварите на Англија со Исланд и Данска во Лигата на нации на почетокот на септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Битката за Манчестер: „Граѓаните“ во криза, ѓаволите никако да се разбудат

Денес во фокусот ќе биде големото дерби помеѓу градските ривали од Манчестер. „Граѓаните“ …