Maкедонскиот најдобар тенисер Калин Ивановски обезбеди пласман помеѓу најдобрите четворица на турнирот во Србија во Куршумлиска Бања кој се игра на земјена подлога.
Македонецот против Либанецот, Хди Хабиб дојде до победа во меч кој траеше еден час и 44 минути.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Двата тенисери во првиот сет освоија по еден брејк, но ниту еден од нив не создаде предност, па се решаваше во тај-брејк. Поведе Либанецот со 5:1, но Калин успеа да се врати и со 8:6 го доби сетот.
Ивановски во вториот сет брзо поведе со 3:1, меѓутоа и го загуби својот сервис, сепак со вториот брејк во овој сет во 12-тиот гем дојде до освојување на сетот со 7:5 и победа.