Дома Фудбал Останато И полицајци се заразиле со коронавирус на дербито Партизан – Звезда

И полицајци се заразиле со коронавирус на дербито Партизан – Звезда

Вчера беше објавено дека девет лица од Црна Гора кои биле на дербито помеѓу Партизан и Црвена Звезда се заразиле со коронавирус. Тие случаи во Црна Гора се први после неколку дена во кои во оваа земја немаше случај на заразен.

Денес од Србија потврдија и дека полицијаци се заразиле на овој натпревар кој се играше пред 20.000 навивачи.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Чудно беше тоа како во Србија се решија да играат пред толку навивачи, иако Ковид-19 се уште не беше минато за земјата. Дербито поради тоа се најде на насловните страни на светските медиуми, меѓутоа голем број експерти предупредуваа дека тоа може „биолошка бомба“.

„Неверојатно е како државата дозволи вакво нешто, како можеше да се игра натпревар пред скоро полни трибини во ек на пандемија. Никој не води сметка за нас, а очигледно не се води сметка и за тие што си дишеа во врат“, изјавил српски полицаец за странски медиуми.

Ќе потсетиме во голем виновник за катастрофата во Италија беше натпреварот Аталанта – Валенсија кој се играше во Милано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нервозниот Белингам го истури бесот врз ВАР-екранот (Видео)

Реал Мадрид на изненадување на многумина го загуби натпреварот во претходното коло на Ла Л…