Дома Фудбал Англија И покрај катастрофалните бројки Јунајтед не помислува да го отпушти Солскјер?

И покрај катастрофалните бројки Јунајтед не помислува да го отпушти Солскјер?

Поразот од Њукасл на „Сент Џејмс Парк“ со резултат 1:0 доведе до тоа Манчестер Јунајтед да го има најлошиот старт во Премиер лигата во последните 30 години.

Тимот од „Олд Трафорд“ после осум одиграни кола има само девет освоени бодови и се наоѓа на 12-тата позиција на табелата, а зад водечкиот Ливерпул заостанува 15 бодови.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јунајтед се мачи оваа сезона и тоа е очигледно, а Оле Гунар Солскјер никако не успева да ја пронајде добитната комбинација и да оствари неколку врзани победи.

Поради сето тоа Норвежанецот ја изгуби довербата кај навивачите на Јунајтед и поголем процент сакаат да замине, сепак изгледа од тоа нема да биде ништо.

Имено, англиските медиуми наведуваат дека извор од клубот им соопштил дека Солскјер и понатаму ја целосната поддршка од семејството Глејзер и потпретседателот Ед Вудвард.

Исто така се наведува дека позицијата на Солскјер не е загрозена бидејќи во клубот веруваат во неговата долгорочна програма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…