Дома Трансфер зона Интер ја избрал замената за Скриниар?

Интер ја избрал замената за Скриниар?

Српскиот дефанзивец Никола Миленковиќ е на листата на желби на Интер, пренесуваат италијанските медиуми.

Интер ќе биде принуден да доведе стопер доколку Пари Сен Жермен го комплетира трансферот на Милан Скриниар до крајот на зимскиот преоден рок. Словачкиот одбранбен играч е голема желба на париската управа на која парите не им се проблем и покрај тоа што договорот му истекува на крајот од сезоната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот на Скринар потврди дека Словакот нема да ја продолжи соработката, но ПСЖ сака да го доведе сега, не на лето. (тука).

Италијанскиот клуб бара околу 20.000.000 евра за негова продажба овој месец, а во случај парижаните да не решат да ја платат, Скриниар на лето ќе се пресели на „Паркот на принцовите“ како слободен агент.

Интер во секој случај ќе мора да најде замена за него, а една од најголемите желби на Симоне Инзаги е Никола Миленковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го доведе како големо засилување, а сега неговиот агент вели: Чави воопшто не зборува со него!

Витор Роке не е среќен во Барселона, а неговиот агент Андреа Кари ја потврди ситуацијата в…