Фудбалерите на Интер го победија тимот на Аталанта со 3:2 на гостински терен во 15. коло од Серија А.
Денеска гледавме уште еден возбудлив натпревар, а во 25. минута Аталанта поведе. Де Фреј задоцни со реакција и го собори Запата, а судијата покажа на белата точка, а сигурен изведувач беше Лукман за 1:0. Пред паузата Интер успеа да израмни, Лаутаро Мартинез проигра покрај Џеко, кој само ја смести топката во мрежата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Аталанта во продолжение тргна во офанзива, а во 54. минута Запата пропушти можност да им донесе предност на домашните. Џеко го казни тоа само две минути подоцна. Димарко нафрли од левото крило, Џеко повторно најагилен во шеснаесетникот за пресврт и 1:2. Кога во 62. минута Паломино со несмасна интервенција ја погоди сопствената мрежа, се чинеше дека Аталанта нема да се врати.
Сепак, Паломино се „извади“ во 77. минута, Купмејнерс изведе корнер, а стоперот на Аталанта со глава постигна гол 2:3. Аталанта тргна на се или ништо во финишот, но Интер добро се бранеше и не дозволи да испушти важни бодови.