Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер го договорил првото засилување за следната сезона, а станува збор за Хенрих Михтарјан.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека Интер постигнал договор со Михтарјан, чиј договор со Рома истекува ова лето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
33-годишниот Ерменец не можеше да се договори со „волчицата“, па Интер ја искористи таквата ситуација и ќе го доведе на „Џузепе Меаца“ без обештетување.
Интер ги задоволи неговите барања и му понуди двегодишен договор со 4 милиони евра по сезона, па во наредните денови играчот ќе пристигне на лекарски прегледи во Милано.
„Нероаѕурите“ имаат финансиски проблеми и ова лето главно ќе носат засилувања без обештетување, а во наредните денови се очекува да биде потврден трнаферот и на Пауло Дибала