Интер загуби многу со заминувањето на Лукаку, иако заработи 115 милиони евра, па приоритет на лето ќе биде засилување на нападот.
„Нераѕурите“ влегоа во голема голгетрска криза и стигнаа до дури 428 минути без постигнат гол, што е поразителна статистика.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Калчолигашот имаше четири меча без постигнат гол, загуби од Ливерпул и Сасуоло, по што играше без голови со Џенова и Милан.
Мета број еден е големиот италијански талент од Сасуоло, Џанлука Скамака. „Нероаѕурите“ веќе работат на трансферот, но сакаат уште еден врвен напаѓач.
Џеко е на залез на кариера, Санчез готово сигурно заминува, па Интер сака да го донесе и Маркус Турам од Мехенгладбах.
Французинот и минатото лето беше пред трансфер во Интер, но трансферот пропадна поради неговата повреда.
„Нероаѕурите“ ќе се обидат на лето да го донесат Турам заедно со Скамака и така да го засилат нападот.