Дома Фудбал Инзаги едвај чекаше: Интер доби одлична вест пред полуфиналето во Лигата на шампионите

Инзаги едвај чекаше: Интер доби одлична вест пред полуфиналето во Лигата на шампионите

Напаѓачот на Интер, Маркус Турам, се опорави од повредата и ќе биде подготвен за дуелот со Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Французинот поради повредата паузираше последните две недели, а токму во тој период, Интер забележа три порази без постигнат гол од Болоња, Милан и Рома.

Турам е еден од најважните играчи во системот на Симоне Инзаги, што потврдува и фактот дека оваа сезона одигра 44 натпревари, со 17 голови и 9 асистенции.

Сепак, засега не е познато дали Инзаги ќе ризикува да го испрати од првата минута на теренот или ќе го внесе во второто полувреме.

Да потсетиме, Интер во Барселона ќе биде без Павар, кој доби повреда на зглобот во неделниот пораз од Рома. Него во почетниот состав ќе го замени Јен Бисек.

Натпреварот Барселона – Интер е на програмата во среда во 21.00 часот.

Фото: Inter F.C/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поради ова пола репрезентација на Аргентина може да добие жестока казна пред финалето!

Аргентина со неверојатен пресврт ја победи Англија со 2:1 и против Шпанија ќе го брани све…