
Напаѓачот на Интер, Маркус Турам, изјави дека Ламин Јамал не е најдобриот фудбалер во светот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Синоќа видовме мајсторија од Маркус Турам уште во првата минута од натпреварот против Барселона, кога со пета го доведе својот тим во водство на “Монжуик”. На крај – 3:3. Спектакуларен натпревар кој можеше да отиде на било која страна, но впечатокот е дека вака е најправедно, бидејќи – ќе гледаме спектакл и во Милано.
Французинот одигра добар меч, но изјавата после него не беше најобјективна што можеше да се слушне. Дебатата за најдобриот фудбалер во светот во овој момент е многу атрактивна тема, но се чини дека Тирам ја релативизираше.
На прашањето дали Ламин Јамал е моментално најдобриот играч во светот, тој одговори:
“Не… Најдобриот играч во светот е Французин. И вториот исто така! После тоа оди Ламин Јамал. Двајцата најдобри се Дембеле и Ембапе”, рече Тирам.
Да се праша човек каде се во тој избор Рафиња или Мо Салах?