Дома Фудбал Јамал за Тирам не е најдобар на светот: Жал ми е, но тие двајца се подобри од него

Јамал за Тирам не е најдобар на светот: Жал ми е, но тие двајца се подобри од него

Барселона и Интер одиграа синоќа фантастичен натпревар во полуфиналето на Лигата на шампионите кој заврши со резултат 3:3, а во центарот на вниманието по натпреварот, поради својата изјава, се најде францускиот репрезентативец Маркус Тирам.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На Монжуик синоќа сведочевме на спектакуларен дуел меѓу Барселона и Интер, и јасно е дека одлуката за финалистот на Лигата на шампионите ќе падне дури во реваншот кој следната недела се игра во Милано.

Интер водеше против Барселона синоќа и со два гола разлика, но Каталонците успеаја да се вратат и тоа најмногу благодарение на фантастичниот Ламин Јамал.

Овој 17-годишник постигна маестрален гол за 1:2 и беше тој кој го почна враќањето на Барселона по шокантните голови на Интер на почетокот на натпреварот.

„Жал ми е, но Ламин Јамал дефинитивно не е најдобриот фудбалер на светот. Не е ни втор најдобар. Првите две места ги заземаат Французите, Осман Дембеле и Килијан Мбапе. Дури потоа следи Јамал“, изјави Турам.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тунис понижен пред очите на Кедира во Монтереј (Видео)

Фудбалската репрезентација на Јапонија со големи чекори е на пат кон следната фаза на Свет…