Дома Фудбал Италија Инзаги пред потпис на нов договор со Интер, добива драстично зголемување на платата

Инзаги пред потпис на нов договор со Интер, добива драстично зголемување на платата

Tренерот на Интер Симоне Инзаги би требало до крајот на месецот да го продолжи договорот со актуелниот шампион на Италија до 2024 година со опција за продолжување на уште една сезона со драстично зголемување на платата.

Поранешниот голгетер и тренер на Лацио на „Џузепе Меаца“ пристигна минатото лето после импресивното освојување на Скудетото на Антонио Конте кој си замина поради несогласувања околу трансфер политиката.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Инзаги во овој момент заработува четири милиони евра по сезона, а според новиот договор платата би му се зголемила за скоро 50%, бидејќи е планирано да му изнесува околу пет ипол милиони евра.

Според информациите на „Газета дело Спорт“ работата би требало да биде завршена пред крајот на сезоната во Серија А. Интер последниот натпревар го игра во недела против Сампдорија.

Ќе потсетиме за одбрана на Скудетото освен нивна победа потребно и Сасуоло да слави против Милан, па затоа „росонерите“ се во пол-позиција. Сепак и без освоеното Скудето во Интер се задоволни од Инзаги кој веќе освои два трофеи, Суперкупот и Купот на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Карагер „удри“ по ѕвездата на Ливерпул: Треба да биде продаден, тој не е играч за ова ниво!

Фудбалерите на Евертон остварија голема победа во 29. коло од англиската Премиер лига, тие…