Дома Моторспорт Лосон со необичен потег пред Остин: промовира сопствена гитара

Лосон со необичен потег пред Остин: промовира сопствена гитара

Лијам Лосон ќе има поинакво претставување пред Големата награда на САД во Остин. Возачот на Формула 1 ќе се појави на музичко-културниот настан Garage Sessions на VCARB, каде што ќе ја лансира и својата специјална гитара Taylor Guitars LL30 GS Mini Special Edition.

Моделот е изработен во розово-бел омбре стил, а во средишниот дел е вметнат и неговиот тркачки број 30.

Музиката, според приказната во најавата за настанот, е важен дел од животот на Лосон уште од детството. Неговиот татко, кој свирел во бенд, го охрабрил него и неговиот брат да почнат да свират уште на шестгодишна возраст.

Настанот ќе се одржи во четврток во Inn Cahoots на East 6th Street во Остин. Програмата почнува во 15 часот со Esses Bazaar, каде што се најавени музика во живо, храна, western мода, glam зони, тетоважи и можност за фотографирање со шоу-автомобилот на тимот.

Главниот дел, Garage Sessions, стартува во 19 часот, а Лосон ќе настапи во живо заедно со своите поранешни другари од детскиот бенд, меѓу кои се неговиот брат и двајца блиски пријатели.

Во програмата се вклучени и Џонатан Капечи, Скут Тисли, Џес Фарен, Алисон Николс и Дрејк Милиган.

Лосон изјави дека е горд што токму на Garage Sessions ја започнува соработката со Taylor Guitars. Тој нагласи дека свирењето гитара е голем дел од неговиот живот уште од мали нозе и дека за него е посебен момент што ја претставува оваа специјална гитара додека настапува со братот и пријателите со кои пораснал свирејќи.

Според него, музиката му помага да го расчисти умот во текот на сезоната, а настапот во Остин ќе биде можност за поинаква средба со навивачите, надвор од патеката.

Со овој настан Racing Bulls спојува трки, музика и забава, а Лосон добива шанса пред американското ГП да покаже и талент што не е поврзан со воланот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Неверојатни бројки: Астон Мартин можеби крие болид за пол-позиција

Податоците сугерираат дека најголемиот проблем на Астон Мартин не е шасијата, туку моторот…