Дома Фудбал Италија Инзаги минатата сезона беше пред отказ, а сега потпиша нов договор

Инзаги минатата сезона беше пред отказ, а сега потпиша нов договор

Симоне Инзаги и официјално потпиша нов договор со Интер со важност до јуни 2025 година, како награда за извонредниот финиш на минатата сезона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Актуелнито договор на Инзаги му истекуваше на крајот од сезоната, меѓутоа на крајот „нероаѕурите“ постигнаа договор да го задржат.

Инзаги минатата сезона беше блиску до отказ по една серија слаби резултати со која ја изгуби трката за Скудетото. Сепак, управата на клубот му ја даде довербата, а тој возврати со второ место во Серија А и финале во Лигата на шампионите.

За нов договор Инзаги преговараше од текот на летово, а сега тие преговори и официјално завршија. Според новиот договор Инзаги се обврза на верност до 2025 година со плата од 5.5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Важен играч на Интер се повреди неколку дена пред финалето

Учеството на Маркус Тирам во финалето за Купот на Италија против Лацио во среда е под сери…