Дома Фудбал Италија Илјадници луѓе го испратија Тото Скилачи

Илјадници луѓе го испратија Тото Скилачи

Илјадници луѓе присуствуваа денеска на погребот на легендарниот италијански фудбалер Салваторе Тото Скилачи во Палермо, кој почина во средата на 60-годишна возраст.

И покрај тоа што Скилачи никогаш не играл за клуб од Палермо, тој беше роден и израснат таму. По завршувањето на својата кариера, отвори младинска фудбалска академија во Палермо.

На погребот присуствуваа многу поранешни фудбалери и соиграчи, а на влезот во катедралата беше поставен венец испратен од Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) со порака: „Херој на Италија 90“.

Скилачи беше херој на Италија на Мундијалот во 1990 година кој го заврши како најдобар стрелец со шест голови, а беше прогласен и за играч на турнирот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арсими не ја задржа предноста, Тиквеш си замина од Гостивар со бод

Последниот меч од 10. коло во ПМФЛ заврши без победник, откако Арсими и Тиквеш ремизираа 1…