Maуро Икарди се уште не го продолжил договорот со „Нероаѕурите“, а после тоа што се случуваше пред два дена тешко и дека ќе се случи.
Икарди ја изгуби капитенската лента и таа во иднина ќе ја носи Сами Хандановиќ. Покрај тоа беше изоставен од тимот за вчерашниот натпревар на Интер против Рапид Виена. Освен тоа Икарди ќе го пропушти и натпреварот за викендот против Сампдорија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Објаснувањето е дека станува збор за ситна повреда, меѓутоа никој не верува во такво нешто.
Како извор на сите проблеми се наведува неговата сопруга и агент Ванда Нара. Критики доби и од страна на Фабио Капело кој директно ја обвини неговата сопруга.
„Во соблекувалната на еден тим во никој случај не смее да се дозволи сопругата на фудбалерот кој е капитен да зборува што ќе стигне во јавноста на штета на клубот. Џабе Икарди се поздравува со судијата на натпреварот кога очигледно капитенот на Интер е во неговиот дом“.
Ванда вчера објави фотографија по повод денот на вљубените, но истата може да се сфати и како порака до Интер.
-Не научивте што значи да сонувате, страдате, да се борите, да се жртвувате, да плачете, да се борите, да ги цените, летате, да останете и да живеете за љубов. Тој што избира со своето срце никогаш не греши. Вашето семејство. Среќен ден на вљубените“.
Додека денес со фотографија се огласи самиот Икарди и на критичарите им одговори со цитат од познатиот писател Марк Твен.
„Подобро е да молчите и да се правите глупави, отколку да прозборите и да ги избришете сите сомнежи“, гласи пораката на Икарди која ја испрати преку фотографија од неговиот Инстаграм профил.
View this post on Instagram