Дома Фудбал Лига на шампиони Изненадување во изборот за играч на неделата во ЛШ: Не е ниту еден од Салах, Џеко, Манџукиќ, Роналдо, Робен…

Изненадување во изборот за играч на неделата во ЛШ: Не е ниту еден од Салах, Џеко, Манџукиќ, Роналдо, Робен…

Зад нас е возбудлива недела во европскиот фудбал, а најголемото изненадување го приредија фудбалерите на Рома.

Рома ја шокираше Барселона и во Рим ја победи со 3:0 со што обезбеди пласман во полуфиналето каде што ќе игра против Ливерпул.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Во изборот на УЕФА за играч на неделата беа неколку кандидати: Садио Мане, Един Џеко, Марио Манџукиќ, Арејн Робен...

На крајот според гласовите на посетителите на УЕФА страницата беше избран Садио Мане, иако пример Мохамед Салах беше повеќе заслужен за победата на „црвените“, а да не зборуваме за головите на Марио Манџукиќ во Мадрид или пак настапот на Џеко против Барселона.

Навистина е нелогично што оваа награда заврши кај Мане, но јасно е дека сепак Сенегалците беа најупорни во „кликањето“ па Мане помалку и незаслужено го понесе епитетот играч на неделата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…