Дома Фудбал Италија Ибра во Милан носи Американец со македонско потекло

Ибра во Милан носи Американец со македонско потекло

Златан Ибрахимовиќ има влијателна функција во Милан и во моментов е десна рака на сопственикот Гери Кардинале.

Според италијанските медиуми, Ибра сака да го засили менаџментот на Милан со Јован Кировски, поранешниот американски фудбалер кој има македонско потекло и кој во својата кариера играше и во Европа.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Кировски долги години беше технички директор на Лос Анџелес Галакси и своевремено го доведе Ибрахимовиќ во МЛС клубот, па оттогаш трае и нивното познанство.

Медиумите тврдат дека ангажманот на Кировски е пред реализација и дека тој дефинитивно ќе пристигне во Италија, но засега е нејасно каква функција ќе добие.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Засилувањето на Њукасл од 85 милиони евра тресе мрежи, но го прогласија за промашување!?

Трансферот на Ник Волтемаде во англискиот гигант Њукасл за сума од 85 милиони евра уште од…