Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ неизвесен и за натпреварот против Џенова

Ибрахимовиќ неизвесен и за натпреварот против Џенова

Се уште не се знае дали Ибрахимовиќ ќе може да игра во среда против Џенова.

Првата ѕвезда на Милан Златан Ибрахимовиќ денес се приклучи на тренинзите со остатокот од екипата, но и понатаму е неизвесен за натпреварот кој Милан ќе го игра во среда против Џенова.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Шведскиот напаѓач не играше на претходните неколку последни натпревари, а еден ден после вчерашното реми со Парма се приклучи на екипата.

Популарниот Ибра тренираше со намален интезитет, но конечната одлука за негов настап ќе ја донесе стручниот штаб на Милан во согласност со медицинските лица во текот на утрешниот ден.

После ремито на Милан со Парма второпласираниот Интер на табелата дојде само на три бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Конечна одлука: Милан – Комо нема да се игра во Австралија

Идејата натпреварот помеѓу Милан и Комо од 24-тиот круг на Серија “А” да се од…